Македонија
19. November 2017 - 16:03

„Мис Стон“ потона во каналот Студенчишта, нафтата се разлеа по водите на езерото

Нафта се излеа кај каналот Студенечишта кој се влева во Охридското езеро. Бродот Мис Стон кој со години беше вкотвен најверојатно поради дотраеност почна да тоне и да испушта гориво по целиот канал.

Непријатната миризба ја вознемири јавноста но надлежните тврдат дека нема опасност  по живиот и растителниот свет во каналот кој е познат како мрестилиште и презимувалиште на плашицата.

Од Капетанија на пристаништата најавија дека бродот ќе биде дислоциран наредниве денови во координација со општината а сопственикот на бродот ќе сноси одговорност .

Eкипите на терен  интензивно работата на отстранување на горивото.

Инаку каналот кај Биљанини извори се користи за вкотвување на бројните јахти глисери бродови и чамци бидејќи Охрид сеуште нема марина. Тие токму кај каналот своите пловни објекти ги полнат со гориво од канти од кои постојано истекува нафта во водата.