-->
-->
Миркуловски ја продолжи соработката со Вецлар
-->
Филип Миркуловски ја продолжува соработката со германскиот тим Вецлар.
Ракометниот репрезентативец на Македонија, денеска потпиша нов договор со екипата на Вецлар со што практично го продолжи актуелниот кој траеше со јуни 2018 година, на уште една година, па така Миркуловски ќе остане во бундеслигашот до јуни 2019 година.
„Јас и моето семејство навистина добро се чувствуваме тука во Вецлар, затоа не размислував многу штом ја добив понудата. Нашиот тим е прекрасен и затоа имаме и одлични резултати. Минатата сезона стигнавме до голем успех, а се надевам дека и оваа сезона повторно ќе постигнеме големи нешта заедно со нашите навивачи. Многу ја сакам и атмосферата во 'Ритал арената' и сметам дека нашите навивачи се најдобриот осми играч во Бундеслигата. Секогаш ни го даваат потребниот адреналин и навистина е забавно и честа да се игра за овој клуб“, изјави македонскиот репрезентативец.
Миркуловски пристигна во Вецлар во јуни 2015 година од екипата на Хановер, а од клубот се задоволни што ќе остане дополнителни две сезони.
„Филип е роден лидер, апсолутен модел како играч и како личност. Тој има огромна репутација кај нас како стручен штаб и кај соиграчите, така што сите сме пресреќни што Миркуловски и во следната сезона ќе го носи нашиот дрес“, изјави тренерот на Вецлар Каи Вандшнајдер.
Инаку екипата на Вецлар на домашен терен претрпе пораз од Рајн-Некар Левен со 24-31, во дуелот на тимовите за кои настапуваат Миркуловски и Филип Талески во победничкиот тим.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Израелската полиција изврши рација во Ал Џезира во Ерусалим, одзеде опрема
-
Костадиновска-Стојчевска: Македонскиот јазик е нашиот национален белег и најважниот симбол на културниот идентитет
-
Косовската полиција уапси 4-ца македонски државјани меѓу кои и кондовецот Агим Красниќи
-
Макрон го повика Нетанјаху успешно да ги заврши преговорите со Хамас
-
Димитровска: ДКСК оформи 45 предмети поврзани со изборите
-
14-годишна малолетничка од Петровец избегала од дома
-
Малолетник пријавен за насилство врз неговата мајка и брат
-
Бројот на загинати во поплавите во Кенија се искачи на 228