Министерот Адеми се сретна со претставници на организацијата „Македонија 2025”
Министерот задолжен за дијаспора Едмонд Адеми, денеска оствари средба со претставници на организацијата „Македонија 2025”, на која станало збор за нивните искуства во врска со проблемите и предизвиците кои ги имаат инвеститорите од дијаспората.
Адеми, како што соопшти неговиот Кабинет, потенцирал дека економскиот дел од Националната стратегија за соработка со дијаспората ќе биде појдовна точка за редуцирање на бариерите кои ги имаат потенцијалните инвеститори од дијаспората и притоа се договори можна соработка по ова прашање.
На средбата Адеми ја поздравил организацијата на настанот „Македонија 2025“ на 21-ви септември во Скопје, на кој ќе бидат споделени искуствата на инвеститорите од дијаспората, како и плановите на потенцијалните инвеститори од дијаспората.
Во соопштението се додава дека министерот Адеми го потврдил присуството на Самитот, шро на 1 и 2 ноември го организира „Македонија 2025”, каде ќе има можност да оствари и директна средба со инвеститорите и потенцијалните инвеститори од дијаспората.
Ново на Сител
-
Апасиев: Очекуваме двоцифрен број на пратеници
-
Таравари: Ни треба нов Устав на две заедници
-
Ахмети: Уште поголема победа
-
Ковачевски: Масовна излезност на 8 мај
-
Мицкоски: СДСМ спрема црни сценарија
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата