Мијалков во Лондон не договарал набавка на опрема за УБК, тврди неговата одбрана
Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, обвинет во случајот ,,Трезор”, според неговата одбрана, во јули 2010 година во Лондон не договарал набавка на опрема за потребите на УБК.
– Не е точно дека Мијалков од 7.7.2010 – 9.7.2010 во Лондон договарал со компанијата ГАМА за било каква опрема на УБК при МВР. Целото обвинение е конструкција, изјави адвокатот Петар Василев.
Во моментов во Кривичниот суд Скопје се дават завршните зборови од страна на адвокатите на обвинетите во случајот ,,Трезор”.
Во „Трезор“ првообвинет е поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, како и поранешниот шеф на неговиот кабинет Тони Јакимовски, поранешниот помошник-министер во МВР, Небојша Стајковиќ, и поранешениот началник на Петтата управа во МВР, Горан Грујевски. Тројца се товарат за злоупотреба на службената положба и овластувања, а Тони Јакимовски за помагање.
Во завршниот збор, Обвинителството, рече дека наместо МВР да направи директна набавка на електронско-комуникациска опрема за потребите на Петтата управа при УБК од фирмата ГАМА од Велика Британија, како најекономичен начин, тие договориле набавката да се изврши преку друга фирма – посредник Финзи ДООЕЛ Скопје, со што успеале да злоупотребат средства од Буџетот на државата.
Според обвинението во овој случај се злоупотребени над 860 илјади евра.
Ново на Сител
-
Секоја година се намалува бројот на првачиња во општините од истокот
-
Доколку продолжи деградацијата на езерото ќе исчезнат ендемичните видови
-
Преглед на вестите од светот
-
Поднесени 18 приговори до ДИК, роковите течат
-
Течат роковите за приговори
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Полицијата го пронајде виновникот за пожарот на мостот „Беласица“: 37-годишникот е веќе во затвор
-
Се гради помалку, но 5 пати поскапо од лани