МФ: Голем број граѓани од поплавените подрачја ги доставија податоците, достапен и мобилен број за пријавување
Министерството за финансии ги информира сите лица што беа евидентирани од Комисијата за проценка на штетите во подрачјата зафатени од поплавите во Скопскиот и Тетовскиот регион дека ќе бидат опфатени со авансната исплата на средства согласно динамиката со која што податоците стигнуваат во Министерството за финансии.
Од Минситерството за финансии посочуваат дека голем е бројот на лицата кои што во изминатите два дена ги имаат доставено податоците за банката во која што сакаат да им бидат исплатени средствата и додаваат дека со цел да се избегнат блокадите на телефонските линии во Министерството за финансии, поради големиот број регистрирани повици, сите оние кои веќе еднаш воспоставиле контакт со Министерството да им остават простор на останатите да се јават.
Министерството за финансии ги известува граѓаните дека можат да пратат и смс порака со име и презиме и име на банка до надлежните во Министерството за финансии на следниот број: 070 271 410.
Истакнуваат дека во моментов се прибираат податоци исклучиво за лицата кои се наоѓаат на списокот што е доставен од страна на Комисијата за проценка на штета.
Податоците и нивниот телефонски број за контакт, граѓаните можат да ги достават и на следната е-пошта: finance@finance.gov.mk.
На располагање се контакт телефони: 02/3255-578, 02/3255-586, 02/3255-743 и 02/3255-742.
Ново на Сител
-
Се запали казино во Охрид | ВИДЕО
-
Мицкоски: Скандалозно е вицепремиер да бара од компании да гласаат за СДСМ бидејќи добиле државна помош
-
Кошаркарот од Ѓорче кој ветува промени | Владо Мисајловски | Неформално | Sitel Podcast 033
-
Се дистрибуира доверливиот избирачки материјал од битолската печатница до општинските изборни комисии
-
Ограбена спортска обложувалница на Бит Пазар
-
Повеќе од 30 украински медиумски работници се наоѓаат во руско заробеништво
-
Приведени две лица во Куманово - еден за употреба, друг за продавање дрога
-
Сопружници завршиле во притвор поради меѓусебна пресметка