Мерсер: Виена - најдобар град според квалитетот на живот, Скопје на 161. место
Виена и во 2018 година останува градот каде е најдобар по квалитетот на живот, покажува истражувањето на американската консултантска фирма Мерсер.
Виена ја предводи листата на Мерсер поради безбедноста, но и поради ефикасниот јавен транспорт и различната културна понуда.
Австриската престолнина деветта година по ред ја предводи ранг-листата на Мерсер, на која се наоѓаат 231 град. Веднаш зад Виена се Цирих, Окланд, Минхен и Ванкувер, додека на дното е јеменскиот главен град Сана.
Главниот град на Македонија - Скопје е рангиран на 161. место, што е пад од две места во однос на 2017 година. Што се однесува на градовите од поширокиот регион, најдобро рангирана е Љубљана (75 место), Атина (86), Загреб (98), Букурешт (107), Софија (116), Истанбул (134), Белград (139), Сараево (159) и Тирана (176).
Од првите десет места во класификацијата - осум припаѓаат на европски градови, кои според Мерсер пружаат најдобар квалитет на живот.
Компанијата Мерсер при класификацијата зема предвид 39 критериуми од криминал до управување со отпади, транспорт, електроснабдување, телекомуникациските услуги и клима.
Ново на Сител
-
Вербални закани кон претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска, случајот пријавен во полиција
-
Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект во Штип
-
Стара експлозивна направа пронајдена во двор во делчевското село Вирче
-
Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз
-
Маж од Валандово најден починат дома, ќе се прави обдукција
-
Кривична пријава против градоначалник поради противзаконито располагање со буџетски средства
-
Фоден играч на сезоната во Премиер лигата
-
Убиство и самоубиство во Бјеловар, Хрватска