Меркел: Нема законски ограничувања за прифат на бегалците
Германскиот канцелар Ангела Меркел денеска изјави дека нема законски ограничувања за бројот на луѓето кои бегаат пред политички прогон и бараат засолниште во нејзината земја, пренесе Фена.
Таа, исто така, повторно јасно порача дека луѓето кои немаат право да добијат азил, ќе мора итно да се вратат во своите земји.
Германија забележа повеќе пристигнувања на мигранти од било која друга европска земја и само годинава се очекува да дојдат 800.000.
Во интервју за дневниот весник „Рајнише Пост“ таа не можеше да даде точна бројка колку бегалци годишно Германија може да вдоми.
- Темелното право на азил од политичкиот прогон не познава горна граница. Тоа, исто така, важи и за бегалците кои побегнаа кај нас од пеколот на граѓанската војна, изјави Меркел.
Таа, меѓутоа, исто така, нагласи дека и луѓе од „безбедните“ балкански земји доаѓаат во Германија и кажа дека тие мораат брзо да бидат вратени во своите домови доколку немаат основа за добивање азил.
Ново на Сител
-
Вучиќ: Тајван е Кина и точка
-
Одбележување на годишнината од масовното убиство во Мало Орашје и Дубона
-
Во Пустец откриена спомен-биста на Гоце Делчев
-
Во црквата „Св. Спас“ одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Тешка сообраќајка во Прилеп: Се судриле камион и мопед, возачот на камионот избегал
-
Нова авиолинија Скопје-Рига-Скопје
-
Кривична пријава против две лица, расчистени 4 кривични дела, одреден притвор
-
За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи