-->
-->
Мексико победник на ,,Голд Купот''
-->
Фудбалерите на Мексико се победници на првенството на Северна и Централна Америка и Карибите, откако ноќеска во финалето ја совладаа Јамајка со 3:1.
Мексиканците поведоа со головите на Андрес Гвардадо (30.минута), Хесус Мануел Корона (46) и Орибе Пералта (60), почесниот погодок за Јамајка е дело на Дарен Матокс на десетина минути пред крајот на средбата.
За Мексико ова беше седми трофеј откога се игра Голд Купот или вкупно десетти во историјата на КОНКАКАФ.
Јамајка во своето прво финале остана без трофеј.
Признанието МВП што се доделува за најдобар играч на купот му припадна на Гвардадо кој постигна шест голови, еден помалку од најдобриот стрелец на првенството Клинт Демпси од домашната селекција на САД.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Анализа: Криза во Уставен ако во понеделник не се избере наследник на Кацарска
-
Тема на денот Моника Зајкова. претседателката на ЛДП
-
ОЈО го достави обвинението до Кривичниот Суд за убиството на Вања и Панче
-
Пропадна 6-тиот обид за изборот за претседател на Уставен
-
Избори во СДСМ
-
Дали пржинската влада е со поминат рок
-
Експлозија во РЕК Битола, вторпат во два месеци комплетно надвор од мрежа, вели ВМРО-ДПМНЕ
-
Индустриското производство продолжува да паѓа, во април за 1,2%