Меѓународен ликовен симпозиум „Струга 2016“
Вкупно 38 реномирани уметници од 22 држави во светот ќе учествуваат на првиот Меѓународен ликовен симпозиум „Струга 2016“, што од 28 април до 4 мај годинава ќе се одржува во Струга.
Организатори се Здружението за уметност и култура SILINDAR’T под покровителство на општина Струга. Куратор на изложбата е ликовниот уметник Бурхан Ахмети со координаторите Бајрам Џелили, Верим Зендели и Хилми Мехмети.
Во Струга ќе гостуваат уметници од САД, Италија, Франција, Русија, Холандија, Белгија, Белорусија, Украина, Саудиска Арабија, Азербејџан, Канада, Тунис, Босна и Херцеговина, Швајцарија, Црна Гора, Романија, Србија, Бугарија, Турција, Косово, Албанија и од Македонија.
Уметниците кои ќе учествуваат на овој симпозиум, покрај изложбата во Струга, со создадените дела ќе имаат можност да ја презентираат својата уметност и во Музејот ЦАМ во Касторија – Неапол (Италија).
Ново на Сител
-
Се запали казино во Охрид | ВИДЕО
-
Мицкоски: Скандалозно е вицепремиер да бара од компании да гласаат за СДСМ бидејќи добиле државна помош
-
Кошаркарот од Ѓорче кој ветува промени | Владо Мисајловски | Неформално | Sitel Podcast 033
-
Се дистрибуира доверливиот избирачки материјал од битолската печатница до општинските изборни комисии
-
Ограбена спортска обложувалница на Бит Пазар
-
Повеќе од 30 украински медиумски работници се наоѓаат во руско заробеништво
-
Приведени две лица во Куманово - еден за употреба, друг за продавање дрога
-
Сопружници завршиле во притвор поради меѓусебна пресметка