Македонија
12. April 2024 - 16:33

Мечка нападна сточар, успеал да ја фати за уши и да ја собори

Гладна мечка нападнала сточар на планината Мукос, Оморани. 61г Цане Србиновски се борел со неа како на филм за да преживее. Мечката го пресретнала Цане додека ги прибирал говедата од пасиште. Го фатила за нога и го турнала на земја. Борбата со мечката не била лесна, за влакно го спасил својот живот. Цане ја држел мечката за уши за да собере сила да ја клоцне и да избега.

Цане бил нападнат во неделата каде цел ден  лежел со повреди во колиба. Семејството го пронашло дури следниот ден. За оваа страотна случка дознал директорот на ЦУК кој го посети Цане за да го увери дека ќе го решат проблемот со мечките.

Мечките ги има во зголемен број, лани напаѓаа дури и во населени места, влегуваа во дворови на куќи. На сличен начин беше нападнат маж од Македонски брод, а животот му го спасија ловџии кои случајно се затекнале на местото. Мечките често може да се забележат и  на патните правци, голем број од нив настрадаа од автомобили. Општините Маврово Ростуше минатата година  побараа да се прогласи кризна состојба .