Балкан
11. August 2023 - 13:51

Маж од БиХ ја убил сопругата и злосторство го пренесувал во живо на Инстаграм

Полицијата на БИХ е во потрага по маж кој ја убил сопругата, а тоа злосторство го пренесувал во живо на социјалните мрежи. „Аваз“ пренесува дека било убиено и дете, и уште едно лице.

„Аваз“ јавува дека станува збор за Нермин Сулејмановиќ, кој е бодибилдер и фитнес тренер, порано познат на полициските органи. За него имало распишано и меѓународна потерница.

Ова се случувало на подрачјето на Градачац. На „Инстаграм“ го објавил видеото со вознемирувачката содржина, на која наводно вели дека пријателите во живо ќе сведочат на убиство.

Наводно на снимката се гледа како зема пиштол и испалува куршум во чело на женска личност. Исто така можеле да се слушнат и извици на дете.

Градачац моментално е под полициска опсада. Според неофицијалните информации, Сулејмановиќ пукал и кон полицијата.