Манчвески ги презентира мерките на СДСМ за почист воздух
Потпретседателот на СДСМ Дамјан Манчевски денеска на прес-конференција ги промовираше партиските сет мерки за намалување на загадувањето на воздухот во Македонија.
- Ова е многу важна тема и сериозен проблем кој директно влијае на нашето здравје и на здравјето на нашите деца. Наместо краткрочни и ненавремени мерки, потребен е сериозен пристап во решавање на овој проблем, истакна Манчевски.
Според него, СДСМ предвидува враќање на зеленилото во градските средини преку зголемување на задолжителниот процент на зеленило во Законот за просторното и урбанистичкото планирање, а со гасификацијата на Скопје како стратегиски проект, загадувањето на воздухот ќе се намали зашто голем дел од домаќинствата ќе се греат на гас.
- Во сообраќајот ќе промовираме употреба на гасни горива од типот природен гас и пропан-бутан. Ќе го стимулираме јавниот и организираниот превоз во градските средини и во поголемите компании. Во индустријата, ќе обезбедиме нови поволни кредити за замена на еколошки застарени технолошки линии за производство и инсталација со ефикасни системи за намалување на загадувањето на воздухот, информира Манчевски.
Ново на Сител
-
За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи
-
Киднапиран, избоден и претепан скопјанец – Еден од напаѓачите негов колега
-
ЦУК: Пронајден е изгубен планинар на Плачковица
-
Земјотрес регистиран во Скопје
-
Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението
-
Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Посебен сообраќаен режим денеска во Скопје
-
Русија тврди дека Украина го нападнала Крим со американски ракети