Македонија
26. November 2015 - 16:34

Mакедонија продолжува да ги развива одлучните економски односи со Kина

Македонија продолжува да ги развива одлучните економски односи со Кина. На средбата со кинескиот колега Ли Кечијанг во Пекинг Груевски изрази задоволство од успешниот тек на изградбата на автопатските делници Миладиновци Штип и Кичево Охрид кои се реализираат во соработка со кинеската Влада и побара поддршка за нови проекти.

Средбата со Кечијанг Груевски ја искористи и за да повтори дека кинеските компании се добредојдени во Македонија. Премиерот уште еднаш ги презентираше поволните услови за водење бизнис кои ги нуди Македонија како и можностите кои им стојат на располагање на кинеските инвеститори.

Кечијанг истакна дека Кина е заинтересирана за продлабочување на економската соработка со Македонија давајќи позитивна оценка за економските политики на земјава. Кинескиот премиер изрази надеж дека во иднина ќе се зголеми бројот на проекти кои Македонијаги реализира во соработка со Кина.
Премиерот Груевски имаше средба и со кинескиот претседател Џипинг Си на која беше изразено взаемно задоволство од нагорниот тренд на односите меѓу двете земји особено од зголемената економска активност.
Груевски му се заблагодари на кинескиот претседател за досегашната поддршка, додека Си истакна дека Кина гледа огромен потенцијал за соработка и економски развој во регионот на Централна и источна Европа каде што припаѓа и Македонија