Македонија добитник на награда за најдобра национална презентација на Саемот за туризам во Бугарија
Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија (АППТРМ) на годинашниот Саем за туризам во Софија, Бугарија-HOLIDAY&SPA EXPO 2016, што се одржа од 11 до 13 овој месец, ја доби наградата за најдобра национална презентација на саемот.
Наградата, како што соопшти денеска Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, ја врачи бугарската министерка за туризам Николина Ангелкова, која во оваа прилика стави акцент на одличната соработка на полето на туризмот помеѓу Македонија и Бугарија.
Наградата за најдобра национална презентација која ја доби АППТРМ ги потврдува заложбите на Македонија за успешно презентирање и промовирање на земјава како туристичка дестинација низ светот, како и промоција на туристичките капацитети кои ги нуди Македонија.
Бројот на туристи и бројот на ноќевања од Бугарија се зголемуваат во континуитет во последните 5 години, само за споредба, во последната година е забележан раст во бројот на туристи од Бугарија за 11 отсто, додека бројот на ноќи за 8 отсто, бројки што го прават бугарскиот туристички пазар атрактивен за нашите туристички работници.
На 33-тото интернационално претставување на туристичката понуда во Бугарија својата понуда ја преставија 380 учесници од светот, а само на првиот ден саемот го посетија повеќе од 15.000 гости.
Ново на Сител
-
Управен суд ја запре постапката за жалбата на коалицијата Вреди
-
Тема на денот со Јанаки Митровски, адвокат
-
Се крои владината коалиција со Вреди - ВМРО-ДПМНЕ веќе сама обезбеди 61 пратеник
-
Мицкоски во јавните настапи ќе користи „Македонија“ и „македонски“
-
Управен суд ја запре постапката за жалбата на коалицијата Вреди
-
Поради недоаѓање на сведоците одложено рочиштето за Пендиков
-
Корупцијата и неефикасната администрација - најголем проблем за германските инвеститори
-
Палчо ја помина првата вечер во притвор во „Шутка'', од неговата партија бараат биохемиска анализа на оброците