Бизнис
11. January 2018 - 18:56

Македонија денеска се задолжи со половина милијарда евра на странскиот пазар

Македонија денеска се задолжи со половина милијарда евра на странскиот пазар. Новата еврообврзница, шеста по ред  е со рок на достасување од 7 години и каматна стапка од 2,75%.

Министерството за финании попладнево соопшти дека ова е историски најниска каматна стапка постигната за било која од македонските еврообврзници.

Побарувачката од инвеститорите беше во износ од над 3,5 милијарди евра, односно над 7 пати повисока од понудата, што претставува еден од најцврстите можни докази на довербата на инвеститорите во стабилноста на Македонија и во исклучително позитивните перспективи на македонската економија, стои во соопштението.

Ова е прво задолжување на владата на СДСМ  на странскиот пазар, воедно ова е и едно од најголемите задолжување напаревни досега.

Претходно, како опозиција партијата секогаш бурно реагираше кога Владата издаваше еврообврзници и тврдеше дека на земјава и се заканува грчко сценарио односно банкрот. Во 2015 година, тогашниот технички заменик министер стави и вето на половина од планираното задолжување.