Македонците од Голо Брдо бараат настава на мајчин македонски јазик
Во името на Македонците од Голо Брдо, македонското друштво „Илинден“ и неговиот огранок за оваа област, уште еднаш, овој пат до сите надлежни албански институции достави барање за настава на мајчин македонски јазик во деветолетката „10-те херои“ во село Требиште.
- Доставивме барање до претседателот Бујар Нишани, премиерот Еди Рама, спикерот на парламентот Илир Мета, министерката за образование Линдита Никола, претседателката на Комитетот за малцинства, Константина Бежани, народниот правобранител Игли Тотозани, Комесарката за заштита од дискриминација Ирма Бараку. Исто така идентично писмо упативме и до евроамбасадорот Романа Влахутин, вели Никола Ѓурѓај, претседател на „Илинден“.
Во барањето, како што вели Ѓурѓај, стои дека Македонците кои живеат во Голо Брдо биле признати како малцинство се до 1949 година, што се потврдува и од изводите издадени од албанските власти во тој период, каде стои и македонска националност.
- До таа година, што се потврдува и со документ, наставата во училиштата во Голо Брдо се изведувала на македонски јазик, со учители од Македонија. Мајчин јазик на кој се зборува во Голо Брдо е македонскиот. Децата до седумгодишна возраст не го зборуваат албанскиот и него го учат со поаѓање на училиште, стои во барањето.
Во него исто така се објаснува дека мисијата на друштвото е заштита на националниот и културен идентитет, заштита и образование на мајчин јазик на македонското малцинство во Албанија.
Ново на Сител
-
Галант го информира Блинкен за операцијата во Рафа
-
УКИМ повторно рангиран на 1.990 место од 2.000 најдобри универзитети во светот
-
Претседателката ќе се придржува до официјалната примена на уставното име, во јавни настапи има лично право на самоопределување, велат од кабинетот на Силјановска Давкова
-
Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат
-
Еруптираше вулканот Ибу во Индонезија
-
Тројца уапсени во Велика Британија поради соработка со разузнавачката служба на Хонг Конг
-
Во Косово досега попишани над 1,42 милиони лица, дел од Србите „се двоумат“
-
Албанија „ќе увезе“ 40.000 работници од Филипините