Мајка мислела дека е бремена со едно бебе, но родила...
Жена родила пет здрави женски деца во рок од половина час иако мислела дека во стомакот носи само едно бебе.
Манита Синг која има 25 години, била примена во локалната болница во градот Амбикапур во источна Индија откако се пожалила на болки во стомакот. Таа била во 26 недела од бременоста.
Докторите кои биле задолжени за породувањето на жената виделе дека жената има пет бебиња во стомакот. Мајката не знаела колку бебиња има бидејќи никогаш не била на преглед кај гинеколог.
Таткото на бебињата Махеш Синд кој има 26 години е пресреќен што добил 5 деца.
Иако мајката и бебињата се во добра здравствена состојба, докторите ги проверуваат бебињата постојано бидејќи шансите тие да преживеат се многу мали.
Докторот кој бил задолжен за породувањето изјавил дека ова е првпат тој да изврши породување на жена која носела петторка. „Ние сме многу среќни поради тоа што сега за сега се добро и мајката и бебињата, но не можеме да кажеме дека ќе преживеат сите бебиња, додал докторот.
Ново на Сител
-
Груевски: Откако СДСМ ги загуби изборите монструмот Добрила Кацарска во обид да се прикаже како жртва
-
Во сабота почнува полагањето на државната матура со тестот од првиот екстерен испит
-
Општина Аеродром: ДУП-от за Лисиче предвидува само една зграда, два парка и решава важни комунални прашања
-
Приведени крадци, одземеното возило вратено на сопственикот
-
Државен завод за ревизија: Неефикасно управување и стопанисување со државниот недвижен имот
-
Германска влада: Украина ги исполнува условите да преговара за пристапување во ЕУ
-
Костадиновска Стојчевска поднесе претставка против Африм Гаши бидејќи прво ја прочитал заклетвата на албански
-
Советот на Општина Аеродром го донесе деталниот урбанистички план за дел од населбата Лисиче