„Мачорот во чизми“, нова претстава на Театарот за деца и младинци
Театарот за деца и младинци од Скопје ги почна подготовките за претставата „Мачорот во чизми“. Адаптација на познатата приказна од Шарл Перо ја направи Горјан Милошевски, според заедничките идеи на режисерот Игор Ивковиќ.
- Претставата е замислена да биде своевидно магионичарско-илузионистичко шоу, преку кое ќе ја пренесеме пораката дека доброто секогаш го победува злото и оти подадената рака на луѓето кои се во неволја е највредната човечка карактеристика. Создаваме вистинска херојска комедија за деца, па и возрасни, исполнета со многу смеа, музика, магија и илузија, објасни режисерот на претставата Игор Ивковиќ.
Главната улога ќе ја толкува Мартин Јордановски, а покрај него играат и Ненад Митевски, Мики Анчевски, Марија Трајановска, Емра Куртишова, Владимир Лазовски, Ана Левајковиќ и Винета Дамчевска. За потребите на претставата, како соработник е ангажиран и македонскиот илузионист и магионичар Гого Реквием.
- Со режисерот Ивковиќ повторно ја обмисливме приказната за „Мачорот во чизми“. Испишав драматизација многу различна од старата бајка. Децата и возрасните ќе можат да гледаат една урнебесна авантура полна и богата со брливи ликови, што сака да ги поттикне да се смеат и уживаат. Текстот пренесува порака како да се сака и сподели животот со нашите пријатели и сакани. Како преку добрина и отворено срце наоѓаме пат до поубав живот. Во оваа драма и претстава ги нема лукавоста, расипаната снаодливост и важноста на материјалните добра кои се истакнати во традиционалната бајка, рече авторот на текстот Горјан Милошевски.
Музиката за претставата ќе ја работи Бојан Петков („Летечки пекинезери“), корегорафијата е на Валентин Апостоловски, а дизајнот на сценографија и костими ќе работи Маре Трајковска.
Со „Мачорот во чизми“, Театарот за деца и младинци почнува со реализација на програмата за 2017 година, во која се предвидени и уште две претстави „Снежната кралица“ во режија на Софија Ристевска и „Во месечевата соба“ во режија на гостинот од Бугарија, Петар Пашов.
Ново на Сител
-
Вреди: Не треба да се отвораат старите рани
-
Победа над Фарски Острови - македонските ракометари се пласираа на Светско
-
Пендаровски се заблагодари на граѓаните за укажаната доверба
-
ЦУК: Спасени две лица кои со „квадрицикл“ излетале во провалија на Шара
-
Приштина: Притвор од 30 дена за државјанин на Србија вмешан во ланските немири во северно Косово
-
ЕУ потсетува на важноста од целосно почитување на Договорот од Преспа
-
Мишел и Фон дер Лајен со честитки во Сиљановска Давкова: Очекуваме соработка на европскиот пат на земјата
-
Алексеј Навални постхумно ќе ја добие наградата за мир во Дрезден