-->
-->
ЛШ: Лазаров недоволен за победа на Барселона дома
-->
Малку беа 12-те гола (14 обиди) на македонскиот репрезентативец Кирил Лазаров на дуелот на Барселона со Киелце на домашен терен бидејќи европскиот првак загуби со 31:33 и го забележа вториот пораз во групата. Ваквиот исход е неповолен и за напредок на македонскиот шампион Вардар во групата Б.
Вчера се одиграа сите дуели од оваа група од 10.коло:
Вардар - Колдинг 34:24,
Барселона - Киелце 31:33,
ПИК Сегед - Рајн Некар 30:24,
Кристијанштад - Монпеље 29:30.
Табела: Барселона 15, Киелце 14, ПИК Сегед 13, Пајн Некар 13, Вардар 12, Монпеље 7, Кристијанштад 4, Колдинг 2.
Во групата А се одигра само еден натпревар Висла - Загреб 23:23. Со тоа тимот на Загреб освои важен бод на гости кај еден од директните ривал за пласман од 4-6 место.
Денеска се играат дуелите: Кил - Веспрем, ПСЖ - Цеље и Бешикташ - Флензбург.
Екипите на Мешков Брест и Ла Риоха ги освоија двете први места во Ц групата и ќе ги прдоложат натпреварите во нок аут фазата. Вчера Ла Риоха победи на гости на Татран Прешов со 21:19, а Порто (кој остана трет) ја совлада Војводина со 37:15.
Попладнево се игра дуелот за првото место во групата Д Скјерн - Мотор, како и натпреварот меѓу Елверум и нашиот Металург.
Почетокот на овој дуел е во 15:15 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Почина таткото на Тоше, Никола Проески
-
Од утре до понеделник јавниот превоз во Скопје по неделен возен ред
-
Изречени 34 санкции за возење под дејство на алкохол на подрачје на СВР Битола
-
Пронајдено лице пријавено за изгубено во Парк - шумата Водно
-
Претрес во Мала Речица, пронајдена дрога
-
ЦУК: Три пожари на отворено, апел за внимателност поради наглите метеоролошки нестабилности
-
Уставниот суд ќе ја одржи 15. седница
-
Арсенал се надева дека Жоргињо ќе го продолжи договорот