Лондон: Полуфинале за Сок
Американецо Џек Сок продолжува со добрите игри и во директен дуел со Александар Зверев обезбеди полуфинале на завршниот Мастерс турнир во Лондон.
Победникот на Мастерсот во Париз очигледно успеа да се опорави по поразот од Федерер во првото коло, Сок во драматичен меч го победи Марин Чилиќ, а вечерва во исто сценарио беше подобар и од Саша Зверев.
Во меч со многу осцилации на двете страни, на крајот како поумешен се покажа поискусниот Американец, а како пресуден се покажа последниот брејк кој го направи во 10-от гејм во третиот сет со кој стави точка околу победникот (6:4). Претходно, токму Сок беше тој кој поведе со 1:0 добивајќи го првиот сет исто така со 6:4, додека Зверев својата добра игра од вториот сет кој го освои со 6:1 не успеа да ја продолжи и во третиот во кој дозволи дури трипати да му биде одземен сервисот.
Ново на Сител
-
Сашо Мијалков излегува од затвор
-
Вучиќ пристигна во Њујорк заради гласањето на резолуцијата за Сребреница во ОН
-
Путин назначи нов заменик министер за одбрана
-
Гвардиола: Поблиску сум до заминување, отколку до останување во Сити
-
Утре сончево со умерена облачност, попладне со дожд и грмежи
-
Уапсен е врховниот судија Наке Георгиев поради поткуп
-
Откако не му дале пари, со нож се заканил на својот татко дека ќе го убие
-
Сапунот од кокос - благотворен против комарци