-->
-->
ЛОИ 2020: Рекорди на Милак и Титмус
-->
Унгарецот Криштоф Милак, со нов олимписки рекорд, го освои златниот медал на 200 метри пеперутка. Австралијката Арију Титмус е првата со два златни медали. Таа победи на трката на 200 метри слободно, со нов олимписки рекорд.
Милак, доминираше во својата дисциплина, исплива 53.48 секунди, со што го собори рекордот на Мајкл Фелпс. Втор трката ја заврши Јапонецот Томору Хонда, а трет беше Федерико Бурдисо од Италија.
Без медал во оваа дисциплина останаа златниот и бронзениот од претходните ОИ во Рио де Жанеиро, Чад Ле Кло и Тамаш Кендереши.
Австралијката Титмус најавува дека ќе биде хероина на овие ОИ. Таа го освои вториот златен меда. По златото на 400 метри слободно, таа го освои најсјаното одличје и на двојно пократката делница.
Златниот медал го освои со нов олимписки рекорд, 1:53.50 минути. Второто место и припадна на Сионхам Бернадет Хјуи од Хонг Конг, а бронзата ја освои Канаѓанката Пени Олексјак.
Олексјак стана најтрофејната Канаѓанка во историјата на ОИ со шест медали.
Легендарната Американка Кејти Ледецки, не успеа да ги одбрани златните медали на 200 и 400 метри, но победи во новата дисциплина во женска конкуренција, 1.500 метри. Ледецки победи со време 15:37.34 минути. Нејзината сонародничка Ерика Саливен го освои второто место, а трете беше Германката Сара Колер.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Писториус ја поздрави обуката на украински војници на системи Патриот
-
Поротата почна со разгледување на судењето против Трамп за кривично дело поткуп на актерка во филмови за возрасни
-
Приведен прилепчанец за шверц на 45 шишиња метадон
-
Средба на лидерите од СДСМ
-
24-годишник избоден во ресторан во Дебар
-
Битолчанец измамил 76-годишна жена за 398.000 денари
-
Калињак: Закрепнувањето на премиерот Фицо, по обидот за убиство, ќе трае исклучително долго
-
Нова вулканска ерупција на Исланд, петта од декември