-->
-->
Крводарителска акција во Кавадарци
-->
Дваесет крвни единици беа собрани денеска во рамки на доброволната крводарителска акција која беше реализирана во Кавадарци, од страна на Општинска организација на Црвен крст, во соработка со Институтот за трансфузиона мдицина од Скопје, а согласно планот за крводарителство за 2017 година.
- Со оглед на зголемените потреби од крв и крвни продукти во летниот период, Општинската организација на Црвен крст Кавадарци ја упатува својата благодарност до сите оние кои даруваа крв на денешната акција наменета за граѓанството, нагласи Димитар Каракулев, претседател на кавадаречкиот Црвен крст.
Тој додаде дека кавадарчани се хумани луѓе и дека секогаш допринесуваат нивната општина да се наоѓа на врвот на листата по доброволни крводарувања во државата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Дарко Каевски тврди дека не е виновен
-
Турција ја одобри екстрадицијата на Љупчо Палевски-Палчо
-
Мицкоски: Очекувам ДУИ да оди во опозиција, немаме ни елементарна доверба за соработка со нив
-
Ново бебе алпака во скопската Зоолошка градина
-
Вучиќ: Една третина од новата српска влада ќе биде составена од нови луѓе
-
Осигурителните компании не ја почитуваат препораката на Финансии, полисите и денеска по повисоки цени
-
Следува период на променливо време со повремени локални врнежи од дожд
-
РКЕ: Само 2,75 отсто од струјата е од увоз, на праг сме до енергетски независна држава