Крвав инцидент во познат македонски клуб
Во Полициска станица Прилеп вчера во 5.25 било пријавено дека од ноќен клуб со возило на Итна медицинска помош, во безсознание, во општа болница Прилеп бил пренесен Љ.Д. (40) од Прилеп. Кај Љ.Д. биле констатирани тешки телесни повреди и поради сериозноста на повредите бил пренесен во Ургентен центар Скопје, каде му бил извршен хируршки зафат и се наоѓа во стабилна состојба.
Извршен е разговор со управникот на ноќниот клуб и со лице присутно како гостин во клубот.
Тие го забележале Љ.Д. легнат на грб во безсознание на одморалиштето од скалите помеѓу приземјето и првиот кат.
Повредениот бил во алкохолизирана состојба и слегувајќи по скалите најверојатно се лизнал и паднал, по што со главата удрил на подот. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
Благодатниот оган се спушти во храмот над Светиот гроб во Ерусалим
-
Серафимов: Цената на месото не е зголемена за Велигден
-
Вучиќ: Тајван е Кина и точка
-
Одбележување на годишнината од масовното убиство во Мало Орашје и Дубона
-
Во Пустец откриена спомен-биста на Гоце Делчев
-
Во црквата „Св. Спас“ одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Тешка сообраќајка во Прилеп: Се судриле камион и мопед, возачот на камионот избегал
-
Нова авиолинија Скопје-Рига-Скопје