Крокодил од времето на Јурата именуван по Леми Килмистер
Британски научници решија еден фосил на гигантски крокодил од времето на Јурата да го именуваат по поранешиот фронтмен на култниот хард-рок и хеви метал бенд „Моторхед“, Леми Килмистер.
Животното со должина од 5,8 метри го доби латинско име Lemmysuchus. Неговиот череп бил долг повеќе од еден метар и тој имал тапи заби, идеални за кршење коски и оклопи на желките.
Фосилот пронајден во далечната 1909 година морал да биде преименува, затоа што претходно научници од Универзитетот во Единбург погрешно го класифицирале.
Новото име на фосилот го предложила кустосот на Природонаучниот музеј Лорна Стил, кој е голем фан на „Моторхед“.
- Иако Леми почина во 2015 година, сакам да мислам дека и тој би наздравил за Lemmysuchus, едно од најкрволочните морски суштества кои некогаш живееле на Земјата. Како долгогодишен фан на „Моторхед“, многу сум возбудена што имав можност да ја овековечам големата рок ѕвезда на овој начин, изјави Стил.
Погрешната класификација била забележана кога во текот на неодамнешните проучувања на фосилите на Унвиерзитетот во Единбург, било откриено дека Lemmysuchus е всучност посебен вид, па затоа било потребно да добие ново име.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ
-
Годишнина од заседата кај Ваксинце
-
Христијаните го празнуваат Велики петок
-
Обичаи и верувања за Велики петок
-
Дали и кој ќе им ги врати парите на граѓаните кои платија поскапо осигурување за регистрација на возилата?
-
Дали Токсикологија е одраз на функционирањето на здравствениот систем?
-
Македонија на 36-то место на индексот за слобода на медиумите за 2024 година на „Репортери без граница“
-
Тивок бојкот или уште поголема излезност? Мицкоски уверува дека цензусот за Силјановска е обезбеден