-->
-->
Кожув го победи Куманово во македонското дерби во БИБЛ
-->
Македонското дерби меѓу во регионалната кошаркарска Балканска лига (БИБЛ) му припадна на Кожув кој славеше победа во дуелот против Куманово.
На средбата одиграна во Гевгелија, а во рамките на групата А во БИБЛ лигата, кошаркарите на Кожув го победија Куманово убедливо со 18 разлика (89-71).
Домаќините беа сигурни во сите четири периоди кои ги добија со 22-13, 18-17, 25-21 и 24-20.
Српскиот интернационалец Миливоје Мијовиќ со 22 и Американецот, Кенион МекНил со 21 поен, беа најефикасните кошаркари во победничката екипа, додека кај гостите од Куманово, Днило Мијатовиќ средбата ја заврши со 20 постигнати поени.
Кожув и Куманово веќе утре (сабота) ќе одиграат нов натпревар и тоа во рамките од 9.коло на кошаркарскиот шампионат на Македонија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Управниот суд одби 3 жалби на Европскиот фронт - вечерва одлучува по уште 4 жалби
-
Во Скопје почна одбележување 50 години од формирањето Француски институт во Македонија
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Управен суд одби една од тужбите на Европски фронт, за другите одлучува
-
Зафировски: Зборувањето е лесно, треба да се сработи, за да оди државата напред
-
Тинекс одбележа 30 години постоење
-
Управен пред одлука
-
ДИК се пожали на притисоци, членовите стравуваат за сигурноста