Бизнис
29. March 2018 - 20:49

Ќе се надмине проблемот со вода во Пробиштип, владата обезбеди 600.000 евра за подобра филтер станица

Владата одобри грант средства во висна од 600 000 евра за општина Пробиштип. Со дополнителни 600 000 евра грант од Центарот за развој на Словенија или вкупно 1, 2 милиони  ќе се реновира и зголеми капацитетот на постоечката филтер станица, од постоечките 75 на 100 литри вода во секунда.

- Ова значи дека Пробиштип конечно го решава проблемот за вода и во следните неколку децении ќе немаме никаков проблем-изјави Драгана Анастасов, градоначалник на Пробиштип

Дел од парите ќе бидат искористени за реконструкција на старата пумпна станица во с. Ратавица, со можност за поставување на нов цевковод до градот.

- Со овој проект ќе имаме можност да воведеме систем на водоснабдување и во некои села кои се уште немаат-додаде Анастасов.

Системот ќе овозможи и користење на техничка вода за потребите на приватните производствени капацитети во Општината.