Кина присилена за првпат да увезе ориз од САД
Кина е приморана за првпат да увезе ориз од САД. Договорот им дава на американски фармери пристап до најголемиот потрошувач на ориз во светот – Кина, која само лани увезла околу пет милиони тони ориз.
Договорот е постигнат по трговски преговори меѓу двете држави во кои на други прашања не е постигнат договор, јави Би-Би-Си.
Кина го отвори својот пазар за ориз во 2001 година.
Според Ју-Ес-Еј-Рајс органзиација што ја претставува американската индустрија за ориз, новиот договор поставува строги стандарди за американските извозници. Организацијата додава дека ќе соработува со Секретариајтот за земјоделство за да се осигура дека се почитуваат правилата.
Според Органзиацијата за економска соработка и развој, до 2024 година просечен Кинез ќе конзумира 75 кг ориз годишно. За споредба, во Северна Америка просечно се конзумира по 13 кг, а во Европа – пет килограми.
Ново на Сител
-
Последни подготовки за утрешните двојни избори
-
Како тече гласањето во затворот Идризово?
-
Во Прилеп зголемен интерес за гласање кај болните и изнемоштени лица
-
Три лица повредени во тешка сообраќајна несреќа во скопско Влае, едно од возилата преполовено
-
Преглед на вестите од светот
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на ВМРО-ДПМНЕ