Свет
2. January 2018 - 16:04

Кина ја поздрави можноста за дијалог меѓу двете Кореи

Кина ја поздрави можноста за преговори меѓу Северна и Јужна Кореја, која ја отворија лидерите на двете земји во новогодишните обраќања, како и предлогот Северна Кореја да испрати спортисти на Зимските олимписки игри во јужнокорејскиот град Пјонгчанг.

- Ги забележавме позитивните сигнали во насока на подобрување на односите и учество на Северна Кореја на олимписките игри. Тоа е позитивна вест, изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Генг Шуанг.

Според Кина, најголем извор на нестабилност во регионот е опасноста од војна меѓу Северна Кореја и САД. Шуанг ги повика Вашингтон и Пјонгјанг да вложат напори да ги подобрат своите билатерални односи и да почнат дијалог.