Керн: На Западен Балкан мора да му се врати јасната европска перспектива
Австрискиот канцелар Кристијан Керн, денеска на Самитот за Западен Балкан во Трст, изјави дека на регионот мора да му се врати јасната европска перспектива.
- Западниот Балкан не е заден двор на Европа, туку наша дневна соба, го повтори Керн својот став, оценувајќи дека Европската унија на терен изгубила, а во исто време се зголемило руското, кинеското, вахабиското, но и турското влијание.
Тој посочи и дека новиот американски претседател Доналд Трамп покренал нова диманика за Западен Балкан и нагласи дека „не смее да се дозволи формирање на воневропски сили“.
- За Австрија, Западниот Балкан се уште е регион во кој може да го застапува своето надворешнополитичко влијание, посочи Керн.
Тој додаде и дека регионот може да послужи како пример за постапување со миграцијата.
Ново на Сител
-
Да не беше Киан ќе се изгубев себеси | Антониа Гиговска | ПРОфесија | Sitel Podcast 037
-
Грчките медиуми за изјавата на Мицкоски: Нова провокација од Северна Македонија
-
Зеленски: На Украина и се потребни системи „Патриот“ за заштитата на Харков
-
Коалицијата „Европски фронт“ поднесе седум тужби против решенија на ДИК на Парламентарните избори 2024
-
Град Скопје: Дезинсекцијата во Скопје се реализира согласно можноста и временските услови
-
Коалицијата „Вреди“ ја повлече тужбата по одлуката на ДИК за ИМ 0511
-
Две лица тешко ранети, а уште четири полесно во напад со нож во Швајцарија
-
Словачка не воведува вонредна состојба поради атентатот врз премиерот