-->
-->
Каталонска сепаратистичка партија повика на „граѓанска непослушност“
-->
Екстремно левичарската сепаратистичка каталонска партија „Кандидатура за народно единство“ повика на „масовна граѓанска непослушност“ во автономната област по одлуката на шпанската Влада да го активира членот 155 од Уставот.
Партијата, која е клучен сојузник во каталонскиот парламент на владејачката сепаратистичка коалиција на малцинството, ја оцени одлуката на премиерот Мариано Рахој како „најтешка агресија врз граѓанските, индивидуалните и колективните права на каталонскиот народ“ уште од времето на диктатурата на генералот Франсиско Франко во 1975 година.
„Кандидатура за народно единство“ соопшти дека граѓанската непослушност ќе биде во вид на отпор без насилство, потврдувајќи дека во следните денови ќе бидат изнесени повеќе детали.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Благодатниот оган се спушти во храмот над Светиот гроб во Ерусалим
-
Серафимов: Цената на месото не е зголемена за Велигден
-
Вучиќ: Тајван е Кина и точка
-
Одбележување на годишнината од масовното убиство во Мало Орашје и Дубона
-
Во Пустец откриена спомен-биста на Гоце Делчев
-
Во црквата „Св. Спас“ одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Тешка сообраќајка во Прилеп: Се судриле камион и мопед, возачот на камионот избегал
-
Нова авиолинија Скопје-Рига-Скопје