Фудбал
21. March 2018 - 11:00

Југославија се обедини во дресот на Австрија

Кога Југословенските народи се на балканот тогаш има проблеми, инциденти па и поголеми судири, но кога се дел од Европа или некоја европска држава тогаш функционираат како вистински Европејци за што најдобар пример е младата селекција на Австрија која  оваа недела ќе игра два натпревари, пријателски против Данска и квалификациски за ЕП против Македонија, а селекторот Вернер Грегориш го објави списокот на 23 играчи кои конкурираат за таа акција. Списокот е интересен, зошто? Затоа што речиси да нема Австријци поточно фудбалери кои освен што се родени во Австрија, да имаат и австриско потекло.  Играчите што се на списокот влечат корени од балканските простори.
На голманската позиција е Осман Хаџикиќ по потекло од Босна и Херцеговина. Од оваа држава корени влечат и Арнел Јакуповиќ од Јувентус потоа Ахмет Мугамедбеговиќ од Сент Пелтен, Емир Кариќ од Лиферинг и Стефан Периќ кој настапува за Штутгарт.
Шестмина се со хрватско потекло, Марко Квасина, напаѓач на Твенте кој во холандскиот прволигаш пристигна од Австрија Виена, потоа уште двајца напаѓачи: Адријан Грбиќ кој е член на Алтах и Марко Рагуж од Линц. Стоперот Дарио Марешиќ има 18 години и игра за Штурм, а на десната бековска позиција е Петар Глухаковиќ кој игра за Австрија Виена. Саша Хорват, кој настапува за Динамо Дрезден исто така е со хрватски корени.
Санди Ловрич потекнува од Словенија, а Дејан Љубичиќ и Иван Љубиќ потекнуваат од Србија. Албин Гаши е од Косово.

За жал како што гледате недостасуваат само Црногорец и Македонец.