-->
-->
Јотовски „оди“ на првиот носител Марти
-->
Македонскиот тенисер Томислав Јотовски успешно ја мина првата пречка на фјучрсот во Анталија. Тој денеска во мечот од првото коло го победи Глеб Алексенко од Украина со 2-0 во сетови и во следното коло ќе игра против првиот носител Хавиер Марти од Шпанија (290 на АТП листа), кој со 2-0 во сетови (6:0 и 6:2) сонародникот Бруно Мардонес.
Јотовски првиот сет го доби со 6:4 во гемови, а во вториот имаше водство од 5:2 и му дозволи на противникот да стигне до водство од 6:5. Сепак успеа да се избори за тај брек, кој го доби со 7:3 на поени.
Во мечот двајцата тенисери од 23 гема 15 ги освоија на сервис на противникот. Јотовски имаше 8/16 брејк шанси, а противникот 7/11. Јотовски воедно ги искористи и 9-те двојни грешки на ривалот, додека нашиот тенисер немаше ниту една.
Во конкуренција на двојки Јотовски ќе игра со Дује Делиќ од Хрватска, додека денеска настапот го заврши Бесир Дургути откако во двојки заедно со Гокберк Ерденеман од Турција загубија од првите носители Бркиќ - Видак со 6:2 и 6:4 во сетови.
Од македонските тенисери настапот на фјучрсот во Кувајт го заврши Стефан Мицов. Тој во сингл загуби од Габор Борсос од Унгарија со 2-0 во сетови, а во двојки со Норвежанецот Томас Линге загубија од Борсос и Стацбергер со истиот резултат.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со отец Горан Стојчевски
-
Верниците го слават Велигден, црквата со порака за национално обединување и надминување на разногласијата
-
Со биење на камбаните најавено Христовото воскресение во Охрид
-
Вообичаен број интервенции на скопската Брза помош за продолжениот празничен викенд
-
Ден на македонскиот јазик
-
Групацијата за осигурување во вторник носи одлука дали ќе ги врати парите за полисите на граѓаните кои платија поскапо
-
Политичарите испратија пораки за мир и спокој на Велигден
-
Парламентарни избори 2024