-->
-->
Јотовски без настап напредуваше две места на АТП листата
-->
Најдобриот македонски тенисер Томислав Јотовски бележи прогрес од две позиции на најновата АТП ранг-листа, објавена денеска.
Иако Јотовски во изминатите две седмици е без настап на турнирите кои се бодуваат за АТП листата сепак, најдобриот македонски тенисер за разлика од минатата недела кога падна за четири, сега направи скок од две места.
Јотовски кој во моментов е рангиран на 582.место на АТП ранг-листата, на која и во конкуренција на двојки има напредок од шест позиции, па сега е рангиран на 1023.место.
На врвот на АТП ранг-листата разбирливо нема промени, најдобри се на завршниот АТП турнир во Лондон, па така и натаму прв е Рафаел Надал пред Роџер Федерер и Германецот, Александер Зверев.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Опозицијата планира коалиции – власта сака да ја намали разликата
-
ВМРО-ДПМНЕ побара поголема излезност на изборите за да се спречат црни сценарија
-
СДСМ: Нема откажување
-
Преглед на вести од светот
-
Почнаа разговорите за коалиција
-
Убедливо водство на Силјановска
-
Тема на денот со Љупчо Петковски, политиколог
-
Светските медиуми известуваа за изборите во Македонија