Јолевски засади дрвца во кругот на Воено медицинскиот центар во Скопје
Министерот за одбрана Зоран Јолевски, заедно со началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски и воени аташеа, денеска во рамки на акцијата „Денот на дрвото“ засади дрвца во кругот на Воено медицинскиот центар во Скопје.
- Овие дрвца ги садиме за иднината на нашите деца и за Република Македонија. Многу е битно што оваа активност продолжува и тоа во сите градови во земјава, изјави министерот Јолевски.
Како што информира Весна Зарезанкова, координатор на граѓанското здружение „Ден на дрвото“, годинава под мотото „Засади успех“ ќе бидат засадени три милиони садници на површина од 930 хектари. Во акцијата ќе бидат засадени и три илјади аризонски чемпреси покрај автопатиштата, седум илјади леандри се засадуваат на потегот Смоквица-Гевгелија и 67 илјади дрвца се одвоени за пошумување на повеќе локации во општините.
- Видот на садниците за оваа акција се автохтони, произведени во ЈП „Македонски шуми“ и се дел зимзелени, дел листопадни. Успехот во изминатите седум години изнесува 60 проценти зафатеност на сите садници, што е највисок просек во Европа, изјави Зарезанкова.
Според неа, сите садници годинава за „Денот на дрвото“ се донација од ЈП „Македонски шуми“, а како што рече, бројот ги задоволува нивните можности за да ги произведат на сопствените локации.
Ново на Сител
-
Во сабота почнува полагањето на државната матура со тестот од првиот екстерен испит
-
Општина Аеродром: ДУП-от за Лисиче предвидува само една зграда, два парка и решава важни комунални прашања
-
Приведени крадци, одземеното возило вратено на сопственикот
-
Државен завод за ревизија: Неефикасно управување и стопанисување со државниот недвижен имот
-
Германска влада: Украина ги исполнува условите да преговара за пристапување во ЕУ
-
Костадиновска Стојчевска поднесе претставка против Африм Гаши бидејќи прво ја прочитал заклетвата на албански
-
Советот на Општина Аеродром го донесе деталниот урбанистички план за дел од населбата Лисиче
-
Приведен криминалец баран по централна потерница, осуден на 10 години затвор