„Јас сум муслиман, но ми велат дека сум терорист - Верувате ли во тоа?
Момчето со превез преку очите пред неговите нозе ставил натпис „Јас сум муслиман, но ми велат дека сум терорист. Јас на вас ви верувам, верувате ли во мене? Ако, да прегрнете ме“.
На овој позив се одѕваа над стотина Французи, а многу од нив не можеа да ги сокријат солзите. Емотивното видео е објавено на Јутјуб, а момчето на крајот го објасни својот чин.
- Благодарам на сите кои ме прегрнаа. Го направив ова само за да испратампорака до сите: Јас сум муслиман, но тоа не значи дека сум терорист. Никого не сум убил. Ќе ви кажам дека минатиот петок ми беше роденден, но е го прославив. Длабоко сочуствувам со семејството на жртвите. Сакам да ви кажам да се биде муслиман не значи автоматски дека ќе бидеш терорист, рекол момчето, додавајќи дека терористите убиват други луѓе без причина.
- Муслиман тоа никогаш нема да го направи, верата не го дозволува тоа, завршува момчето.
Ново на Сител
-
Павловска Данева ја повлече кандидатурата за претседател на Уставен, Васиќ Бозаџиева не го доби потребното мнозинство
-
Санкционирани 185 возачи на мотоцикли
-
ДС: Реорганизација на министерствата
-
Приведен разбојник во Гостивар за издржување шестгодишна затворска казна
-
ДИЦ денеска ќе одлучува во врска со споделувањето на тестот од државната матура
-
За седум дена санкционирани 215 непрописно паркирани возила во општина Центар
-
Италија без Скалвини на ЕВРО2024
-
Казни за 99 возачи на територијата на Прилеп, 39 биле без возачка дозвола