Македонија
23. February 2017 - 9:34

Јапонија со протест поради руските дивизии на Курилските Острови

Јапонската Влада упати преку дипломатски канали протест до Москва по изјавата на министерот за одбрана Сергеј Шојгу за намера да распоредат дивизија на Курилските Острови оваа година, соопшти генералниот секретар на Владата Јошихиде Суга.

– Протестот е испратен преку дипломатски канали. Жалосно е ако армијата на Русија планира да зголеми воено присуство на северните територии (назив на Јапонија за Курилскиот Архипелаг), изјави Суга на прес конференција.

Тоа, според властите во Токио е во спроивност со Уставот на државата. Шојгу вчера рече дека оваа година ќе заврши распоредувањето три дивизии на западната и југозападната граница. Токио и Москва спорат веќе седум децении за статусот на Курилите.