-->
-->
Јанге Ли: Над илјада луѓе загинаа во насилствата во Мјанмар
-->
Над илјада луѓе, воглавно припадници на муслиманскиот народ Рохинџа најверојатно се убиени во судирите во сојузната држава Ракхајн, северозападен Мјанмар, изјави специјалната известувачка на ОН, Јангe Ли.
- Можеби се веќе убиени повеќе од илјада луѓе или дури и повеќе. Жртви има од двете страни, но поголемиот број се Рохинџи, посочи Лиј.
Претходно, УНХЦР соошти дека околу 270.000 припадници на муслиманскиот народ Рохинџа побегнале од Мјанмар во Бангладеш во изминатите две недели.
– Ограничениот капацитет на засолништа е веќе исцрпен. Бегалците се сега во импровизирани засолништа кои никнуваат покрај пат и во областите Ухиа и Текнаф, наведе УНХЦР во соопштение.
Најголем дел од бегалците се жени, меѓу кои мајки со бебиња и семејства со деца.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со отец Горан Стојчевски
-
Верниците го слават Велигден, црквата со порака за национално обединување и надминување на разногласијата
-
Со биење на камбаните најавено Христовото воскресение во Охрид
-
Вообичаен број интервенции на скопската Брза помош за продолжениот празничен викенд
-
Ден на македонскиот јазик
-
Групацијата за осигурување во вторник носи одлука дали ќе ги врати парите за полисите на граѓаните кои платија поскапо
-
Политичарите испратија пораки за мир и спокој на Велигден
-
Парламентарни избори 2024