Јанева со полициска придружба замина за Гевгелија
Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева со полициска придружба од КПУ Затвор – Скопје изутринава заминала во Гевгелија на погреб на нејзината мајка, потврди за МИА директорот на затоворот Есад Рахиќ.
Јанева заминала за Гевгелија со одобрение на судија на претходна постапка, кој синоќа и одреди 30-дневен притвор по барање на Обвинителството за организиран криминал и корупција.
Катица Јанева е осомничена дека ја злоупотребила службената положба и овластувањата и се стекнала со лична корист, со тоа што, најпрво влијаела за ослободување од притвор и враќање на патната исправа, а потоа и дала предлог да се олесни положбата на осомничен во „Империја“ со негово прифаќање како сведок во постапката.
Јанева, чиј глас се слушаше во снимките објавени од италијанскиот весник „Ла Веритас“, во кои таа на главниот осомничен за случајот „Империја“ Орце Камчев му вели „се ќе биде добро“ е третоосомничена во случајот „Рекет“.
Таа доцна синоќа од Кривичен суд со полициско комбе беше спроведена во истражниот затвор „Скопје“, но сепак и е дозволено денеска да замине за Гевгелија, каде под полициска придружба ќе присустува на погребот на нејзината мајка, која почина вчера изутрината по долго боледување.
Другите двајца осомничени за „Рекет“, Бојан Јовановски и Зоки Кичеец повеќе од еден месец се во притвор.
Ново на Сител
-
Бангладеш: Во удари од гром загинаа 74 луѓе за 38 дена
-
Рама в недела ќе одржи собир во Атина
-
Протести во Малме против учеството на израелскиот претставник на Евровизија
-
Турција ја одложи забраната за трговија со Израел
-
Гостиварчанец измамен за 1.500 евра - сторителот е приведен
-
Скопјанка прскала со вода по луѓе кои правеле врева - ја нападнале со лименки
-
СЗО: Преминот Рафа блокиран, нема гориво и медицински материјали
-
Аглер со честитка до Силјановска Давкова: Историски избор на прва жена претседател на Северна Македонија