Јанева: Анализата за „Сопот“ покажа дека нема доказ дека обвинетите го сториле кривичното дело
По севкупна анализа на доказите изведени на главниот претрес и од „бомбите“ што ги имавме и анализите што ги правевеме во доказите што ги прибравме во предистражната постапка сметавме дека е праведно денеска да го повлечеме обвинението, бидејќи нема докази дека обвинетите го сториле кривичното дело што им се става на товар, порача специјалната јавна обвинителка Катица Јанева по завршувањето на постапката за предметот Сопот.
Таа посочи дека предистражната постапка за делото се водела во две насоки - дали се криви сега обвинетите и кое е лицето кое е одговорно за убиството во Сопот. Во предистрагата, нагласи, има друга теорија за случајот која сега се истражува.
- Дел од предметот е уште во предистрага. Се работи за меѓународна правна помош со блиска соседна држава на Република Македонија. Се бара начин како да се земе исказ од одредени лица кои можат да придонесат за уврдување на сторителот за ова кривично дело, изјави Јанева.
Информира дека СЈО денеска поднесе жалба на одлуката за предметот „Тифани“ за затајување на даноци што се водеше против новинарката Ивона Талеска.
Бранителот на обвинетите, адвокатот Вулнет Пачоку како единствен правен заклучок на одговорен застапник на обвинение го оцени денешното откажување на СЈО од обвинението.
- СЈО се откажа од обвинението и судот треба да донесе пресуда со која се одбива обвинението. Секако дека ќе бараме штета од државата, но што може да ги надомести годините затвор на обвинетите. Ќе се обратиме до Министерството за правда согласно Законот за кривична постапка и убедени сме дека ќе понуди спогодбено решение за да не се соочиме повторно со повеќегодишни судски постапки за остварување на ваквото право, рече Пачоку.
Според неговиот колега Насер Рауфи, образложението што го даде СЈО при откажувањето од обвинението е направено на високо професионален начин.
- Образложението даде еден опис на силите на овој кривичноправен настан од самиот почеток и не остави ни тронка сомнеж дека ова се сторителите на делото. Се надевам дека СЈО ќе го одржи ветувањето и дека вистинските сторители навистина ќе бидат ефектуирани, рече Рауфи.
Обвинетите за делото посочија дека 15 години укажувале дека се невини.
- Уште од првиот ден на судењето велевме дека сме невини, но за жал после 15 години тоа се потврди. Никој не веруваше дека не сме сторители на тоа дело. Нас не ни е познато кој е сторител, рече Зејнел Хаиќи, еден од обвинетите.
Ново на Сител
-
Владата донесе одлука со која цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април
-
Фитнесот почна како мода но полека стана здрава навика | Стефанија Бубало | Јанг стори | Sitel Podcast 032
-
ДИК донесе заклучок за конечност на резултатите од првиот круг на претседателските избори
-
Бискупот Стојанов упати Велигденска честитка до Архиепископот г.г. Стефан и верниците
-
Пронајдено тело на починат маж во Вардар во Велес
-
Благодатниот оган и оваа година од Ерусалим ќе пристигне во Грција
-
Зеленски: Русија во април употреби 300 ракети, 300 дронови и 3.200 касетни бомби во нападите врз Украина
-
ДСЗИ најави забрана на Клиниката за токсикологија за здравствени работници без договори за вработување