-->
-->
Јакупи го обезбеди првиот медал за Македонија на европското карате првенство
-->
Македонскиот каратист Берат Јакупи го обезбеди првиот медал на Европското првенство што се одржува во турскиот град Кочаели.
Еден од нашите најдобри каратисти успеа да се пласира во финалето во категоријата до 84 килограми, со што Јакупи веќе го осигура најмалку сребрениот медал.
Во борба за златото Јакуби ќе се сретне со домашниот турски репрезентативец Угур Акташ.
На патот до финалето македонскиот каратист во првото коло го совлада Русинот Денис Денисенко со 2-1 на поени, во втората борба беше подобар од Белорусинот, Антон Исакау, а во четвртфиналето од босанскиот натпреварувач Мерис Муховиќ, додека во полуфиналната борба Јакупи го победи и Гркот, Георгиос Цанос.
Ова е прв голем успех за македонските каратисти на 52-то ЕП во Турција и тоа остварен на првиот натпреварувачки ден. За потсетување, експедицијата на Македонија брои 14 репрезентативци, а покрај Берат, очекуваме добри настапи и од Емил Павлов.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости