Свет
24. February 2017 - 9:34

Израел: Поради пристрасност веќе нема визи за работа на Хјуман рајтс воч

Израел веќе нема да издава работни дозволи за странски претставници од Хјуман Рајтс Воч обвинувајќи ги за пристрасност. Тоа го соопшти Организацијата оквалификувајќи го потегот како „шокантен“.

Изралското МНР потврди дека донело таква одлука.

- ХРВ објави многу критични извештаи за израелската окупација на палестинските територии и побара пред неколку месеци виза за новиот директор на одделот одговорен за Израел и за Палестина. Израелските власти ја отфрлија молбата бидејќи според нив, ХРВ „не е организација за заштита на правата“, соопшти организацијата базирана во Њујорк.

Портпарол на израелското МНР рече дека ХРВ „постојано демонстрира дека е длабоко пристрасна и антиизраелска организација со непријателски дневен ред“.