Фудбал
2. September 2017 - 19:09

Израел - Македонија играат на Сами Офер во Хаифа

Натпреварот од квалификациите меѓу Израел - Македонија што се игра вечерва во Хаифа ќе се игра на стадионот Сами Офер. За денешниот натпревар се очекува да бидат присутни околу 10.000 гледачи.
 
Ова ќе биде вкупно петти натпревар на Израел да го игра на овој стадион, кој е почнат со градба во 2009 година, а првиот интернационален дуел е одигран со Босна и Херцеговина на 16 ноември 2014 кој Израел го доби со 3-0. 
Потоа Израел загуби од Велс на 28.март 2015 со 3-0, а на 3.септември 2015 година ја победија Андора со 4-0.
на овој стадион се одигра и дуелот од овие квалификации меѓу Израел и Италија, кои гостите го добија со 3-1.
На овој терен натпревари од Лигата на шампионите во 2015 година играше и екипата на Макаби Тел Авив, која ги пречека екипите на Динамо Киев, Порто и Челзи.
Капацитетот на стадионот е 30.870 места, а играат екипите на Макаби хаифа и Хапоел Хаифа. 
Името го има добиено по познатото лице од Израел Сами Офер, кој донирал 20 милиони долари за изградбата.
 
Стадионот официјало е отворен на 27 август 2014.