Изетбеговиќ нема да бара оценка на уставноста на името Република Српска
Членот на Претседателството на БиХ од редовите на бошњачкиот народ, Бакир Изетбеговиќ, синоќа демантираше дека ќе побара оценка на уставноста на името Република Српска.
Изетбеговиќ за „Ал Џезира“ рече дека во минатото имало идеи да се почне ваква иницијатива, но дека сега не планира да побара оценка на уставноста на името Република Српска.
- Имаше такви идеи пред десетина години, во времето кога беше уважена жалбата на мојот покен татко Алија Изетбеговиќ за конститутивноста на народите кои мораат да бидат конститутивни и во називот. Меѓутоа, се процени дека за тоа во тој момент нема шанси. Називот ’Република Српска’ - да беше во англиска верзија, во оригиналот од Дејтонскиот мировен договор, и да се нарекува „Republic of Srpska“ или „Serb Republic“ - тогаш веројатно ќе имавме еден поинаков став. Во англискиот оригинален назив таа се нарекува ’Република Српска’, што нема никакво значење на англиски јазик, рече Изетбеговиќ.
Изетбеговиќ се осврна и на предлогот за федерализација на Босна и Херцеговина, што го предложи Хрватскиот народен сабор во БиХ, пренесоа „Независне новине“.
На прашањето дали за него е прифатливо што било од тоа што предложи членот на Претседателството на БиХ од редот на хрватскиот народ, Драган Човиќ, Изетбеговиќ одговари дека од Хрватскиот народен сабор „овојпат отворено излегоа со барање кое може да се окарактеризира како барање за трет ентитет“.
- И ние од СДА, и јас безброј пати досега имавме кажано дека за нас е неприфатлива новата етничка поделба, порача Изетбеговиќ за „Ал Џезира“.
Ново на Сител
-
Вучиќ: Тајван е Кина и точка
-
Одбележување на годишнината од масовното убиство во Мало Орашје и Дубона
-
Во Пустец откриена спомен-биста на Гоце Делчев
-
Во црквата „Св. Спас“ одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Тешка сообраќајка во Прилеп: Се судриле камион и мопед, возачот на камионот избегал
-
Нова авиолинија Скопје-Рига-Скопје
-
Кривична пријава против две лица, расчистени 4 кривични дела, одреден притвор
-
За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи