Избраните помошници на Јанева не дојдоа да дадат свечена изјава
Седумтемина помошници на специјалната обвинителка Катица Јанева кои беа избрани минатата недела, не дојдоа на денешната седница на Советот на јавни обвинители на која требаше да дадат свечена изјава со која формално треба да ја преземат должноста.
Јанева во петокот ги повика да не дојдат на денешната седница, бидејќи одлуката на Советот со која беа избрани само седум од 14-те предложени кандидати, според неа е спротивна на Законот за Специјалното обвинителство.
- Денеска 15 минути по закажаниот термин за давање свечена изјава на седумината избрани обвинители на тимот на специјалната обвинителка Катица Јанева очигледно е дека тие нема да пристигнат и да дадат свечена изјава, изјави претседателот на Советот на јавни обвинители Петар Аневски.
Партиските работни групи во саботата постигнаа договор и потпишаа писмо со кое се бара од Советот да ги избере и останатите седум помошници на Јанева, а Уставниот суд што поскоро да се изјасни за уставноста на законот.
Аневски во денешната изјава за медимите информира дека претпладнето во 10 часот и 30 минути од министерот за правда Аднан Јашари во Советот на јавни обвинители пристигнал допис и прилог кон дописот од четирите најголеми политички партии во кој се бара од Советот денеска да одржи седница и да ги избере останатите јавни обвинители на Специјалното јавно обвинителство.
- Во 11 часот писмото го доставив до специјалната јавна обвинителка Катица Јанева на нејзино постапување и таа да се обрати со допис до Советот и ние да постапиме по тој допис. Доколку во текот на денов или утре достави допис со одредени барања ние ќе ги разгледаме и ќе закажеме најитна седница на Советот, рече Петар Аневски.
Ново на Сител
-
Кумановка измамена за 6.000 денари за набавка на огревни дрва
-
Во центарот на Куманово откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Приложил патна исправа на негов другар, Албанец уапсен на Табановце
-
Краделе велосипеди во Аеродром, приведени двајца крадци од Србија
-
Бајден за Трамп: Се натпреварувам против „шестгодишно дете“
-
Избоден млад кавадарчанец
-
Оштетиле повеќе предмети и украле пари, уапсени двајца кавадарчани
-
СПМ: Срамни се обидите на СДСМ да ги убедат граѓаните дека грешеле во првиот круг