Македонија
17. September 2015 - 18:00

Иванов: НАТО самитот во Варшава да ја потврди посветеноста кон почитување на меѓународното право

Ако до сега прашањето за поканата на Македонија во НАТО беше чисто политичко прашање ,сега веќе е и безбедносно прашање. Со секое натамошно нелегално блокирање на нашето заслужено членство во НАТО се врши сериозно блокирање на колективните интереси и на темелните принципи на Алијанската истакна претседателот Иванов на конференцијата на началници на генералштабови на Јадранската група.

На 19тата конференција беше потврдено дека со здружени напори државите може да се соочат со глобалните предизвици и новите закани.

Договорот за формирање на САД-Јадранската повелба, официјално е потпишан во 2003 година, со кој покрај САД како покровител, Македонија, Албанија и Хрватска се обврзаа низ институционална рамка да ја развиваат регионалната соработка во областа на одбраната. Во 2008 година, на оваа иницијатива се приклучија Босна и Херцеговина и Црна Гора.