Исплатени права од социјална и детска заштита
Министерството за труд и социјална политика денеска соопшти дека пред два дена извршило исплата на права од социјална и детска заштита за месец јануари 2016 година.
- Извршена е исплата на следните права од социјална заштита - цивилна инвалиднина, мобилност и слепило, постојана парична помош, еднократна парична помош, паричен надоместок на лице кое до 18 години возраст имало статус на дете без родители и родителска грижа, сместување во згрижувачко семејство, парична помош за студирање, парична помош за згрижувач и парична помош за социјално домување, се вели во денешното соопштение од МТСП.
Оттаму информираат дека е извршена и исплата на следните права од детска заштита - правото на детски додаток, еднократна парична помош за новороденче, родителски додаток за трето дете, родителски додаток за четврто дете, единствен родителски додаток, како и исплата на посебен додаток за месец февруари 2016 година.
Министерството за труд и социјална политика, исто така, известува дека ги префлило и средствата за месец јануари 2016 година за исплата на надоместок за плата за време на отсуство од работа поради бременост, раѓање и мајчинство на осигурениците на Фондот за здравствено осигурување на Македонија кои го оствариле тоа право.
Ново на Сител
-
Почнаа разговорите за коалиција
-
Убедливо водство на Силјановска
-
Тема на денот со Љупчо Петковски, политиколог
-
Светските медиуми известуваа за изборите во Македонија
-
Бизнисот очекува политичка промена и исполнување на ветеното
-
ГРОМ призна пораз, ЗНАМ сметаат дека се родила третата опција, Левица очекува повеќе гласови на 8ми мај
-
Преглед на вестите од светот
-
Убедливо водство на Силјановска