Инциденти на протестите во Солун и Атина
Помали инциденти избија на протестите што се одржуваат во Солун и Атина, организирани од учениците и студентите во рамки на активностите за одбележување на 10-годишнината од убиството на Алексис Григоропулос, јави дописничката на МИА од Атина.
Во грчката престолнина, група маскирани лица се оддели од поворката и ја нападна полицијата со камења и предмети, на што специјалните полициски сили одговорија со солзавец и шок бомби. Според грчките медиуми, приведени се две лица.
Во инцидентите кои траеја кусо, маскираните лица нанесоа материјална штета на неколку продавници и на автобуски постојки.
Слична е ситуацијата и во Солун. Група маскирани лица ја нападнале полицијата со молотови коктели, која одговорила со солзавец и шок бомби.
Главните протести за одбележување на годишнината од убиството на Григоропулос се закажани за во 18 часот по локално време.
Ново на Сител
-
Мостот „Беласица“ целосно функционален
-
Зошто Токсикологија не почитува мерки на надлежни институции
-
Ќе се врати ли старата цена на осигурување за регистрација на возилата?
-
Обвинителството со огромен број докази за распределбата на спортски ваучери
-
ДУИ притиска: Без нас нема Влада - Од ВМРО-ДПМНЕ децидни Ахмети останува во опозиција
-
Парламентарни избори 2024
-
Вапцање велигденски јајца в зори на Велики Четврток
-
Почнуваат велигденските празнувања