Кошарка
18. October 2017 - 15:01

Инцидент на тренингот на Чикаго, повреден Миротиќ

Шпанскиот кошаркарски репрезентативец Никола Миротиќ завршил во болница откако соиграчот од Чикаго Булс, Боби Портис го удрил со тупаница во лице.
 
Како што објавија американските медиуми, за време на тренингот двајцата кошаркари имале вербална расправија по што Портис ненадејно го удрил Миротиќ со тупаница во лице.
 
Црногорецот со шпански пасош се здобил со фрактура на две коски на лицето, а според непотврдени информации, имал и потрес на мозокот.
 
Од клубот го потврдиле инцидентот со најава дека, најверојатно, Миротиќ ќе мора да биде опериран и дека клубот ќе ги казни двајцата кошаркари.
 
Миротиќ четири сезони е играч на Чикаго, а летово потпиша нов двегодишен договор.
https://