Балкан
1. October 2017 - 12:01

Инцидент: Момче се враќало од тренинг кога куршум го погодил во уво

Момче било погодено од куршум од воздушна пушка во уво, додека се враќало дома од тренинг во Краљево, Србија. Момчето по лекарската помош е добро, истрагата е во тек, јавија српските медиуми.

Мајката вели дека во првиот момент делувало како нејзиниот син да бил погоден со парче метал, но, кога го однела детето на лекар, во Итна помош и рекле дека момчето е погодено со куршум од воздушна пушка.

За инцидентот била известена полицијата, па во тек е истрага која треба да покаже од каде е пукано.