ИНА: Одобрено барањето за азил на Груевски во Унгарија
Унгарија позитивно одговорила на барањето на екс премиерот Никола Груевски за азил, јавува албанската агенција ИНА повикувајќи се на свои извори во кацеларијата за миграции на Унгарија.
Според информациите кои ги објави ИНА, Груевски добил азил врз основа на барањето кое го поднел во амбасадата на оваа европска земја во Тирана, Албанија.
Во меѓувреме, македонските власти го подготвуваат барањето за екстрадиција. Македонската министерка за правда, Рената Десковска денеска најави дека барањето ќе биде испратено до Унгарија во текот на овој ден.
Груевски се бара во Македонија за одлежување на затворска казна за случајот Тенк, во кој судот го прогласи за виновен бидејќи возејќи се во Мерцедесот примил награда за која претходно вршел влијание при набавката на возилото.
Македонската влада најави дека ќе го продава автомобилот, но потоа се повлече. Мерцедесот и денеска се користи за превоз на ВИП гости.
Ново на Сител
-
Teма на денот со д-р Марјан Шокаровски, Државна Кардиохирургија
-
Почна полагањето на државна матура, првпат во ходници и сали
-
Премиерот и 6 министри седат на две столчиња
-
Почна полагањето на државна матура, првпат во ходници и сали
-
Алармантно предупредување во скопските училишта: Постои тренд на самоповредување кај учениците
-
Уапсени 28 лица за продажба на дрога
-
Кој ги “саботира” хируршките клиники?
-
Од денеска полесно до работа во Германија